Во зоолошката градина Честер во Велика Британија, два машки пингвини од расата Хамболт, Скампи и Флаундер, ја презедоа грижата за младенче кое беше отфрлено од неговите биолошки родители.
Во април, пингвините Воцит и Пич имаа десет младенчиња, но едно од нив остана без родителска грижа. Тогаш Скампи и Флаундер, пар од ист пол познати по нивната поврзаност и грижлива природа, се вклучија да помогнат, преземајќи ја целосно улогата на родители.
Help us name TWO penguin chicks! 🐧🐧
Our penguin team choose a different naming theme each year and this year... the theme is stars, space and celestial wonders 🪐💫🔭
Comment below with your ideas! 👇
Posted by Chester Zoo on Wednesday 2 July 2025
Младенчињата моментално редовно се мерат, а според нивните чувари, тие се само неколку дена од нивните први часови по пливање – еден од највозбудливите моменти во животот на пингвинот.
„Десет мали пингвини во една сезона се огромно достигнување за нас“, рече Зои Свитман, лидер на тимот во зоолошката градина.
„Ова е одлична вест за овој загрозен вид и голем чекор напред за меѓународната програма за зачувување и размножување.“
Таа додаде дека сите младенчиња значително пораснале откако се извеле, а сега се соочуваат со голем предизвик – нивните први патувања во вода.
Хумболт пингвинот меѓу најзагрозените пингвини во светот
Пингвините се родени помеѓу 16 и 28 април и безбедно ги поминале првите недели во своите гнезда. Оваа година, во согласност со традицијата на зоолошката градина, сите добија имиња инспирирани од вселената: Урса, Алционе, Квазар, Орион, Дорадо, Касиопеја, Алтаир и Зена.
„Секоја година избираме тема за имињата за да ни помогне да ги разликуваме нашите пингвини, кои се вкупно 63. Оваа година ја избравме вселената како тема, а последните две имиња ги оставаме на јавноста – секој може да гласа преку социјалните медиуми на зоолошката градина“, рече Свитман.
Хумболт пингвинот, кој природно живее покрај бреговите на Чиле и Перу, се смета за еден од најзагрозените видови пингвини во светот, според Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN). Затоа ваквите приказни не се само слатки анегдоти – тие се важни потсетници за тоа колку е важно да се зачуваат дивите видови.