„Бев храбра, а сега сум бесна, тажна, разочарана“: Потресната исповед на славната пејачка по операцијата од канцер ги крши срцата

Точка

07/07/2025

09:00

3.498

Големина на фонт

а а а

Кога минатиот месец ѝ бил дијагностициран канцер на дојка, британската музичка ѕвезда Џеси Џеј автоматски влегла во режимот на преживување.

Закажување прегледи, планирање операции, грижа за малото дете, враќање на музичката сцена – сето тоа ги потиснало нејзините емоции.

Но сега, две недели по операцијата се соочила со нешто непланирано – тага која доцни.

Во емотивна објава на Инстаграм, 37-годишната пејачка открила дека жали што не се збогувала со својата дојка пред операцијата.


„Звучи глупаво, но тоа е местото каде се наоѓам. Бев толку фокусирана на опстанувањето што не помислив да станам и да кажам збогум“, напишала таа.

Џеси, која е мајка на двегодишниот син Скај, вели дека сега првпат има време да го „обработи“ она што ѝ се случува.

„Тогаш бев само храбра. А, сега си дозволувам да бидам и бесна и тажна и разочарана. Само неколку денови“, вели Џеси, па со доза на хумор опишала како се носи со постоперативните промени.

„Сега тука се моите несиметрични гради кои се обидувам да ги сфатам. Левата ме гледа и ме прашува: Дали си добро душо?“, вели низ насмевка и додава дека операцијата ја поднела храбро.

„Најчудното чувство, но многу убаво што повеќе го нема после 12 дена“, рекла пејачката.

Болест среде турнеја

Кога ѝ била поставена дијагнозата, Џеси се подготвувала да ја започне новата кампања, првпат после осум години пауза. Истовремено се селела, се грижела за детето и се обидувала да остане позитивна.

„Немав време да се запрашам што се случува. А, кога сето тоа запре, тагата пристигна“, признала пејачката.

Сѐ уште ги чека резултатите

Иако претходниве денови многумина ги израдувала објајвата дека „канцерот исчезнал“, Џеси објаснила дека тоа била афирмација – надеж, а не потврда на фактите.

Резултатите сѐ уште ги чека, но вели дека е свесна дека патот низ болеста е далеку од едноставен.

„Само сакам да бидам јасна, не реков дека сум излекувана. Сакам да бидам, и верувам во тоа. Но засега, сѐ уште не знам“, напишала пејачката.


Семејството ѝ е столб

Во оваа тешка фаза, најмногу ѝ значи поддршката од партнерот, кошаркарот Чанан Сафир Колман и мајка ѝ која живее со нив.

„Чанан ме прави сигурна, Скај е само Скај, а пораките кои ги добивам се 10/10“, напишала пејачката.