„Се разболе бидејќи живееше во земја меѓу луѓе кои ги мразеше“: Шокантна изјава на сопругата на хрватскиот спортист за Рудан – „Нема лажно да ја оплакувам“

Точка

21/08/2026

11:50

788

Големина на фонт

а а а

Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан, по повеќегодишна борба со ракот, почина на 18 август на 77-годишна возраст. Нејзината смрт предизвика бројни реакции низ целиот регион.

Додека граѓани од сите држави на поранешна Југославија ѝ оддаваа почит, една објава на сопругата на познат хрватски спортист предизвика голема бура на социјалните мрежи.

Имено, Ива Алиловиќ, сопруга на хрватскиот спортист Мирко Алиловиќ, на социјалните мрежи отворено напиша дека Ведрана Рудан, како што навела, „не можела органски да ја поднесе“ и дека затоа нема намера лажно да ја оплакува.


Во објавата тврдела дека писателката била „длабоко несреќна жена која глумела однадвор“, а подоцна, со црно-бела фотографија од Рудан, кратко напишала само еден збор – „глупача“.

Во друга објава појаснила дека Рудан не ѝ била одбивна поради различни политички или општествени ставови, туку затоа што смета дека често не била праведна.

Спорна порака за погребот

Најголемо внимание привлече делот од објавата во кој таа се осврнала на односот на Ведрана Рудан кон Хрватска.

Алиловиќ напишала дека се надева оти писателката ќе биде погребана таму каде што, според нејзиното мислење, се чувствувала поблиска и поприфатена, додавајќи и тврдење дека можеби се разболела затоа што живеела во земја и меѓу луѓе кои, како што навела, „ги мразела од дното на душата“. Овие шокантни изјави предизвикаа бројни реакции кај корисниците на социјалните мрежи.


„Заостанати камењарки“

Неколку часа подоцна, Алиловиќ објави уште една порака, овојпат коментирајќи ги ставовите што Ведрана Рудан со години ги изнесуваше за жените, мајчинството и децата.

Со емотикон на смеење напиша дека го коментира она што го зборувала „големата“ и мудра жена, по што го изнела своето гледиште за мајчинството.


Истакнала дека за неа децата се најголемото богатство и дека е среќен секој што може да ги има. Додала дека, иако е мајка на три деца, чувствува своевидна – како што нагласила, позитивна – љубомора кога гледа жени кои имаат пет деца.

Според нејзиното мислење, жените со големи семејства често во јавноста се претставуваат како „заостанати камењарки“, за што делумно го обвинила влијанието на Ведрана Рудан и на други луѓе со слични ставови.

Објавата ја завршила со порака дека токму таквите жени за неа се „најголеми кралици“ и дека смета оти да се биде мајка е најважната и најубавата работа на светот.