Пред свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез, американскиот актер Орландо Блум беше „уловен“ како ужива во времето поминато со мистериозна жена, чие име не е познато на јавноста.
Мистериозната бринета забележана во прегратка на задното седиште на венецијанско водено такси со Орландо Блум е стилистката на неговата поранешна свршеница Кети Пери, која е исто така блиска со Меган Маркл, открива „Дејли мејл“.
Жената за која станува збор е 36-годишната Џејми Мизрахи, холивудска стилистка на ѕвездите и долгогодишна пријателка на Кети Пери.
Џејми, која живее во Монтесито, Калифорнија, со својот сопруг Нико, е пријателка со Меган Маркл и има долгогодишна работна врска со соседката на Меган, Кети Пери, како и со актерката Џенифер Лоренс, Бритни Спирс и многу други ѕвезди.
Папараците ги снимале откако ја напуштиле црквата Мадона дел Орто бидејќи почнало да врне. Разговарале расположени, а во еден момент тој ја прегрнал.
Тој неодамна ја раскина свршувачката со Кејти Пери, со која беше во врска речиси 10 години. Во август 2020 година, тие ја добија ќерката, Дејзи Дав.
Пејачката, меѓу другото, му замеруваше што одлучил сам да оди на свадбата на гореспоменатиот познат пар.
Двајцата беа во лоши односи долго време. На Блум му пречеше нејзиното одење во вселената и го нарече нејзиниот потег „срам“. Тие не зборуваа јавно откако се појави веста дека нивната романса завршила. Пери моментално е на турнеја.
На свадбената прослава на Џеф Безос и Лорен Санчез присуствуваа бројни други познати имиња, меѓу кои Крис Џенер, Кендал Џенер, Клое Кардашијан, Ким Кардашијан, Леонардо Дикаприо, Опра Винфри, Ева Лонгорија и други.
Американските медиуми објавија дека Џеф Безос и Лорен Санчез всушност се венчале порано во САД, а организирале и повеќедневна прослава во Италија. Веднаш по венчавката, Лорен го додала презимето Безос на социјалните мрежи и објавила фотографии на кои позира во венчаница.