Поради дрогата правел сѐ: Денес е легенда, а за време на најголемата слава бил нарко зависник и имал 50 килограми

Точка

27/06/2025

12:59

13.684

Големина на фонт

а а а

Мартин Скорсезе е американски режисер, а неговите филмови се култни. Меѓутоа, иако има блескава кариера во неговиот живот не било сѐ идеално.

Американскиот режисер со италијанско потекло, Мартин Скорсезе е роден во Њујорк на 17 декември 1942 година, а неговото потекло имало големо влијание на неговите филмови. Имено, неговите главни ликови често биле Американци од Италија.

Тој во 2007 година добил Оскар за филмот „The Departed“, а за филмот „Taxi Driver“ во 1976 година бил награден со Златна палма во Кан.

Омилените соработници на режисерот се Роберт де Ниро и Леонардо ди Каприо.


Покрај улогите во неговите филмови, Роберт де Ниро одиграл значајна улога и во животот на Скорсезе, кога режисерот имал сериозни проблеми со наркотиците.

Во текот на 70-тите години Мартин бил зависен од кокаин во толкава мера што во 1978 година го напуштил Канскиот фестивал и одлетал за Париз, само за да купи кокаин.

Откако бил на раб на смрт заради предозирање, Робер де Ниро му пришол со идеја за филмот „The Raging Bull“ и нивната соработка помогнала во лекувањето на зависноста.

Скорсезе години подоцна открил дека го допрел дното пред четири децении, додека ја завршувал работата со филмот „New York, New York“ во којшто главните улоги ги толкувале Лајза Минели и Роберт де Ниро.

Имал само 35 години кога неговиот организам поради претеран внес на наркотици бил исцрпен и почнал да откажува.


„Се најдов во болница, бев во близина на смртта. Имав 50 килограми. Во болница поминав 10-на дена после што сфатив дека морам да го сменам животот. Докторите се бореа за мене, а јас сфатив дека не сакам да умрам и дека не сакам да го трошам своето време залудно“, изјавил во една прилика режисерот.

Покрај оваа страна од неговиот живот, тој имал прилично бурен љубовен живот и се женел дури пет пати.

Првиот пат се оженил со својата љубов од факултет, Лорен Бренан, со која бил 10 години заедно. Во текот на бракот ја добиле ќерката Кетрин. Потоа режисерот се оженил со новинарката Џулија Камерон со која ја добил другата ќерка Доменика, но тој брак за жал траел само една година.

Во 1979 година Мартин се оженил со Изабел Роселини, ќерката на Ингрид Бергман и еден од неговите омилени режисери Роберт Роселини. Овој брак траел три години.

Четвртиот брак на режисерот бил со Барбара де Фина, холивудската филмска продуцентка. Таа продуцирала многу од филмовите кои нејзиниот сопруг ги режирал.

Неговиот петти и последен брак бил со писателката Хелен Морис, а се заљубиле на снимање на филм. Тие двајца се во брак со полна поддршка и љубов, а нивната ќерка Франческа глумела во некои од филмовите на Скорсезе.