[ВИДЕО] Ги рашири нозете, а публиката сними сè: На популарниот грчки пејач му пукнаа панталоните среде настап – хит сцените вирални на ТикТок

Точка

29/06/2025

12:51

1.747

Големина на фонт

а а а

Грчкиот пејач Сакис Рувас беше најголемата ѕвезда на Евровизија. Иако поминаа 20 години од неговиот триумф на европскиот музички натпревар, тој сè уште е еден од најпосакуваните мажи на јавната сцена.

Атрактивниот грчки пејач Сакис Рувас оваа недела доживеа неочекуван момент на сцената кога панталоните му се скинаа на меѓуножјето во текот на концерт.

На концерт во Лариса, додека енергично танцуваше и ја забавуваше публиката, панталоните на Рувас се скинаа директно на меѓуножјето.


Иако виде што се случи, не го прекина настапот, ниту пак, му пречеше што целиот прв ред го снимаше.

Снимките од инцидентот набрзо го преплавија ТикТок и предизвикаа бројни коментари. Додека некои обожаватели воодушевено реагираа и ја пофалија опуштеноста на Рувас, други изразија сомнеж дека сè е однапред смислено.

Сакис е познат по тоа што сака да ја шокира публиката и често го користи својот изглед и сценско присуство за да привлече внимание. Затоа многумина веруваат дека пукнатите панталони можеби биле дел од планот за да се предизвика дополнителен интерес.