[ФОТО] Овој српски актер одиграл над 160 улоги, а малкумина знаат како се вика – од приватноста и мустаќите никогаш не се откажал

Точка

24/06/2025

12:30

1.356

Големина на фонт

а а а

Со актерство почнал да се занимава во далечната 1959 година, а неговата последна улога била во домашната серија „Seljaci“ (2006-2007 година).

Љубомир Ќипраниќ во животот имал репутација на „главен, спореден актер“ во југословенската и српска кинематографија. Тој во текот на повеќедецениската кариера одиграл над 160 улоги во домашни остварувања.

Со актерство почнал да се занимава во далечната 1959 година, а неговата последна улога била во домашната серија „Seljaci“.


Иако Љубомир секогаш имал споредни улоги, многумина благодарение на него биле забележани. Сите го паметиме како работникот во пекара од филмот „Moj tata na određeno vreme“ каде се нашол рамо до рамо со покојниот Бата Живојиновиќ.

Потоа Ќипраниќ сме го гледале и во улога на келнер во „Tajvanskoj kanasti“ од каде се издвоила неговата популарна реченица: „Од топли напитоци имаме само варено вино и варена ракија“.

Гледачите покрај малите екрани го паметат и по споредната улога во филмот „Svemirci su krivi za sve“, а и по улогите во сериите „Bolji život“, „Kamiondžije“, „Srećni ljudi“.

Љуба актерската кариера ја започнал во далечната 1958 година во филмот „Krizantema“. Од тогаш одиграл вкупно 182 улоги и речиси не постои проект во којшто се појавил без мустаќи.


Тој повеќе од 50 години снимал без пауза, а сите улоги кои ги одиграл биле помали споредни.

Тој е роден на 9 април 1936 година во Стојаково, а починал на 24 декември 2010 година во Белград.