Иако нивното пријателство трае речиси 2 децении, многумина се прашуваат како Бред гледа на приватниот и бурен живот на Том Круз, кого многу луѓе ширум светот не можат да го поднесат поради неговите ставови и размислувања.
Актерските великани Бред Пит и Том Круз вчера заедно се појавија на црвениот тепих во Лондон по повод премиерата на филмот „F1“, во кој Пит ја толкува главната улога.
Пит му пришол на Круз да го поздрави, а потоа срдечно го прегрнал пред да позираат заедно пред фотографите. Нивната пријателска средба ги воодушевила присутните фанови и медиуми, а многумина коментираа дека токму вака изгледа долгогодишното пријателство.
„Вака изгледа пријателството кое трае со децении“, пишуваа обожавателите на социјалните мрежи.
За оваа пригода, Бред Пит (61), со новата фризура која претходно предизвикуваше воодушевување кај фановите, носел зелено дворедно одело и впечатливи портокалови очила за сонце. Од друга страна, Том Круз (62) се појавил во темносиво одело и со препознатливите авијатичарски очила.
Да потсетиме, Пит и Круз заедно глумеа во филмот „Интервју со вампирот“ на режисерот Нил Џордан, кој излезе во 1994 година. Иако тоа е единствениот филм во кој играле заедно, двете холивудски ѕвезди делат повеќе заеднички соработници.
Филмот „F1“ е режиран од Џозеф Косински, додека го продуцирал Џери Бракајмер — истиот тим кој работел на големиот хит на Круз од 2022 година, „Топ Ган: Маверик“.
Во овој филм, Бред Пит ја игра улогата на Сони Хејс, поранешен возач во Формула 1 кој се враќа на патеката како дел од измислен тим. Сценариото го напишал Ерен Кругер, а филмот е снимен во соработка со вистински ѕвезди на Формула 1, вклучувајќи го и продуцентот Луис Хамилтон, како и Демсун Идрис, Тобијас Мензис, Ким Боднија и Хавиер Бардем.
„Одлично е да се гледа Бред како вози. Тој навистина е добар возач. Верувајте ми, се тркавме. Кога го снимавме „Интервјуто со вампирот“, после снимањето одевме на картинг. Буквално завршувавме со снимање и цела ноќ возевме картинг“, изјавил Том Круз во април годинава.
Да потсетиме, драмата за Формула 1 „F1“ ќе биде прикажана во кината од 27 јуни.
Бурниот живот на Том Круз
Познато е дека славниот актер поради членството во контроверзната „секта“ скиентологија изгубил многу работи и нарушил семејни односи, а со ќерката и поранешните сопруги не комуницира.