Забавата е на прво место за Американците: Меси доби брачна понуда од баба

Дерби

24/06/2025

12:24

183

Големина на фонт

а а а

Интер Мајами и Палмеирас одиграа без победник 2-2, резултат кој двете екипи ги одведе во осминафиналето на Светското клупско првенство каде МЛС тимот ќе има далеку потежок предизвик затоа што ќе се соочи со Пари Сен Жермен, додека „зелено-белите“ одат на добро познат ривал од бразилскиот шампионат Ботафого.

На овие големи настани Американците знаат и добро да се забавуваат, па така во фокусот беше една баба која имаше брачна понуда до Лео Меси.

- Меси, ќе се ожениш ли со мене? стоеше на транспарентот.

Инаку оваа госпоѓа е добро позната за пошироката јавност затоа што е позната на социјалните мрежи со своите специфични, хумористички видеа со нејзинот внук Рос Смит.