Надал: На Вимблдон може да „паднат“ големи глави

Дерби

24/06/2025

13:56

371

Големина на фонт

а а а

Пред нас е третиот календарски гледн слем, турнир кој важи за најпрестижан-тоа е Вимблдон кој е на програмата од 30 јуни до 13 јули.

Сезоната на трева е кратка, нема многу подготовки, па настанот во Лондон секогаш е специфичен тест, предизвик за сите тенисери. Тоа добро го знае Тони Надал кој долго време е во тенисот и верува дека на Вимлдон можни се големи изненадувања.

- Нормално е да се очекува финале Синер-Алкараs, но зборуваме за специфичен гренд слем, таму секогаш има изненадувања. Ако, да речеме, Бен Шелтон или кој било друг играч со силен удар има свој ден, можат да паднат големи глави. Тревата е опасна површина каде што натпреварот може многу брзо да ви се лизне од раце, - вели Надал.

Тони воедно беше запрашан за коментар дали поразот на Синер на Ролан Гарос имал влијание за лошиот резултат во Хале.

- Не верувам. Ова беше различно, различна подлога, различен играч. Можеби на Синер му недостасува поголема конзистентност по паузата што ја имаше, но да не заборавиме дека играше две финалиња, Рим и Ролан Гарос. Не верувам дека поразот на трева ќе го поткопа во однос на Вимблдон и остатокот од сезоната. Синнер повторно ќе започне од Вимблдон - заклучи шпанскиот стручњак.