Македонскиот тенисер, Калин Ивановски имаше фуриозен старт на ИТФ фјучерсот во Загреб што се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 долари.
Ивановски му одржа лекција на германскиот рекет Дин Тарнер кого го совлада за помалку од еден час. Нашиот ас славеше со 2-0 во сетови со само еден загубен гејм во 57 минути (6-0, 6-1).
Веќе во второто коло Калин може да се соочи со вистински предизвик затоа што потенцијален ривал му е вториот носител Душан Обрадовиќ од Србија.
Инаку ова е турнир на кој во главната фаза ќе настапи и Горазд Срљак, веќе на стартот има сериозен противник во седмиот носител Никита Маштаков од Украина.