Пари Сен Жермен обезбеди рутинска победа во соочувањето со Сиетл, триумф од 2-0 кој им го донесе првото место во групата Б, а со тоа осминафинална битка со Интер Мајами на Светското клупско првенство.
Меѓутоа и покрај остварениот резултат, тренерот на „светците“ беше лут и незадоволен, причината за тоа е состојбата на терените на кои се игра турнирот.
- Би сакал да истакнам иако победивме дека состојбата на терените на првенството е под нивото потребно за играње фудбал. Квалитетот на терените овде е далеку под оној на европските. Топката отскокнува на нив како зајак. Игравме на терен кој порано беше вештачки, но сега е природен. Ова значи дека мора да се полева рачно и се суши за десет минути.
- Ова е очигледен проблем, а не изговор. На терени како оние на Светското клупско првенство во Америка, не можеме да играме на нивото што го сакаме. ФИФА мора да се погрижи за тоа. Не само на стадионите, туку и во однос на терените во тренинг камповите.
- Не можам да замислам, на пример, НБА терени со дупки, а овде играме на терени каде што топката повеќе личи на зајак отколку на топка. Ако мора толку многу да го критикуваме, тогаш тоа значи дека мора да се промени, - истакна Шпанецот.