Атлетико Мадрид предвреме го завршува настапот на Светското клупско првенство или поточно не успеа да обезбеди пласман во осминафиналето од групата Б во која беа уште Пари Сен Жермен, Ботофого и Сиетл.
Три екипи освоија по шест бода, меѓутоа тука Атлетико беше најслаб и со најлоша гол разлика што во случајот им овозможи на ПСЖ и Ботафого да одат на мегдан со Интер Мајами, односно Палмеирас.
Овој епилог е разочарувачки за шпанскиот прволигаш, а тренерот Диего Симоне прстот го впери кон судиите.
- Горд сум на работата на момците. Дадовме апсолутно сè што можевме. Победивме на два од три натпревари, но дури и така, за жал, испаднавме. Со шест бода, не беше лошо, но натпреварот против ПСЖ нè осуди, каде што секоја судиска одлука секогаш беше против нас.
- На денешниот натпревар, исто така, беше поништена одлуката за пенал по ВАР проверката. Горе-доле тоа е исто. Знаеме што треба да подобриме, а тоа ќе ни помогне да продолжиме напред, - истакна Чоло.