Реал во своите редови најде напаѓач за новата сезона

Дерби

24/06/2025

12:01

326

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид започна нова приказна, приказна под водство на Чаби Алонсо кој има своја визија, идеи и првиот тест, предизвик за неговата работа дефинитивно е Светското клупско првенство.

„Кралевите“ досега одиграа два натпревари на турнирот во САД, ремизираа со Ал Хилал, ја победија Пачука, два натпревари на кои Чаби Алонсо виде некои работи од екипата.

Според „Кадена Копе“ новиот предводник на Реал е воодушевен од Гонзало Гарсија Торес, играчот кој беше стартер на двете средби во кои имаше конкретен придонес со гол и асистенција. На Алонсо му се допаѓаат вештините на напаѓачот и во него гледа опција за престојната сезона.

Тој планира да го има во своите редови со тоа што клубот се уште нема донесено конечна одлука бидејки Реал првично сакал да се го продаде по одличната година за Реал Кастилја. Меѓутоа овие настапи во СКП можат да му донесат нов живот и Гарсија Торес да биде дел од првата екипа со тоа што ќе се соочи со жестока конкуренција во нападот каде да не заборавиме е и Ендрик кој е недостапен за турнирот во САД, плус Мбапе кој се соочи со неочекуван проблем и мораше да ги скокне Ал Хилал и Пачука.