[ВИДЕО] Германски инфлуенсер донирал патики во Црвен Крст, па ги пронашол во Босна: „Се продаваат за 10 евра“

Точка

19/06/2025

20:19

2.827

Големина на фонт

а а а

Германски инфлуенсер кој објавува на ТикТок под корисничкото име „Moe.Ha“ објави видео во кое објасни дека ги донирал своите патики на Црвениот крст.

Имено тој ги донирал патиките во кои ставил „AirTag“ на Црвениот крст, оставајќи ги во контејнер за чевли во Минхен. Меѓутоа на крајот тие завршиле во Цазин, град во северозападна Босна и Херцеговина.

„По речиси 800 километри и пет дена транспорт, чевлите завршиле во Босна во продавница за половна облека. Не можев да поверувам“, рече тој.


Се продаваат за 10 евра

Инфлуенсерот потоа отпатувал во Босна и Херцеговина и ја пронашол продавницата, каде што откри дека патиките се продаваат за 20 КМ (10 евра). Ја прашал продавачката од каде ги набавиле работите што ги продаваат, на што таа одговори дека робата ја набавуваат од Германија.


„Мојот шеф е Босанец кој живее во Германија и тој ја носи облеката“, објасни продавачката, а кога инфлуенсерот ја праша дали доаѓаат парите од донации, таа рече не.

Испратил прашање до Црвениот крст

„Се прашувам како е можно да фрламе чевли во контејнер на Црвениот крст во Германија, а тие потоа да се продаваат на речиси 800 километри оддалеченост, без вработените или некој друг да спомене дека се работи за донација на Црвениот крст. Веќе побаравме изјава од Црвениот крст. Какво е вашето мислење? Дали некогаш сте донирале нешто и очекувале ваков исход?“, ги праша тој своите следбеници.


Корисниците на ТикТок ги споделија своите мислења во коментарите. Некои велат дека нема ништо спорно во тоа некој да купи патики од Црвениот крст, додека други го критикуваа потегот на сопственикот на продавницата.