Маж објавил сметка од појадок во Дизниленд: „За малку ќе го исплукав кафето“

Точка

19/06/2025

15:51

1.917

Големина на фонт

а а а

Американец ги шокираше корисниците на социјалните мрежи, објавувајќи сметка од „појадок за принцези“ во Дизниленд во Калифорнија.

Корисникот Џон (@jrockandrollt) објави фотографија од сметката на Икс и напиша: „’Појадок за принцези’ во Дизниленд со децата. Речиси го исплукав кафето. Ако некогаш го најдам тој проклет глушец, ќе го ограбам“.

Сметката што ја сподели покажува дека платил 937,65 долари (околу 815 евра) за луксузниот појадок, вклучувајќи бакшиш од 150 долари (околу 130 евра). Тој објаснува дека на појадокот имало пет лица – две деца и тројца возрасни, што се сведува на околу 187 долари (163 евра) по лице. Во коментарите, тој сподели и фотографија од својата чинија, која содржела говедски стек, варено јајце, аспарагус и ракчиња. Тие имале само еден алкохолен коктел – Блади Мери.


На официјалната веб-страница, „Дизни“ го опишува појадокот како „незаборавен појадок од три јадења со магични средби со вашите омилени Дизни принцези“. Главното јадење вклучува мини сендвичи со јастог, бењети (вид пржено печиво) и банана сплит колачиња. Детското мени нуди пилешко во облик на Мики и вафли, додека возрасните можат да изберат од полнети јајца, колбас од мисирка и макарони со сирење и тартуфи.

Официјалната цена за појадок започнува од 123 евра по лице, па многу корисници на Икс коментираа дека Џон требало да знае приближно колку ќе чини.