Туристка купила чанта во популарното летувалиште – добила казна од 600 евра затоа што не знаела едно важно правило

Точка

19/06/2025

14:11

3.470

Големина на фонт

а а а

Се приближува сезона на одмори, а со неа сѐ поголем е бројот на продавачите на улиците на туристичките места кои нудат роба од познатите брендови по ниски цени.

Меѓутоа, примамливите понуди можат да бидат вистинска замка. Во тоа се уверила една туристка од Германија која при купување на пазар во италијанското летувалиште Форте деи Марми, платила висока цена – не само за лажната чанта туку и за сопствената невнимателност.

Во Шпанија и Италија важат строги правила кога станува збор за трговијата со фалсификувана роба која масовно се нуди на улиците од популарните летувалишта. На мета не се само продавачите туку и туристите кои купуваат од нив.


Дури и несвесно купување може да доведе до парична казна или одземање на робата.

Во текот на рутинската контрола, италијанските власти забележале дека производот којшто германската туристка го купила значително отстапува од квалитетот на оригиналот.

Потоа било потврдено дека станува збор за фалсификат, чанта која веднаш ѝ била одземена, а таа била казнета со парична казна од 600 евра.

Купување фалсификат на пазар строго се казнува

Купување фалсификат роба на пазар строго се санкционира. Кога станува збор за купување на лажни чанти, законот предвидува административни казни кои се движат од 100 до 7.000 евра.

Целта на законодавците не е само заштита на правата на оригиналните производи туку и борба против илегалната економија која често се поврзува со организиран криминал и искористување на илегална работна сила.


Сепак, треба да се спомне дека купувачите на фалсификат робата не се секогаш третирани како криминалци. Судот во Италија во 2016 година донел пресуда со која се наведува дека кривичното дело прикривање украдена роба не се однесува исклучиво за купување фалсификувана роба за лична потреба. Клучно е да се разликува дали купувачот на фалсификувана роба, робата ја купува за себе или ќе ја препродава понатаму.

Меѓутоа, доколку купувате и за лична цел, купувачот може да биде казнет заради т.н. неукост, за што може да го следи и затворска казна од шест месеци.