Бројни туристи биле снимени како трчаат кон лежалките во Бенидорм, популарно летувалиште во Шпанија.
Едно видео станало вирално поради тактиката на туристите со која се обидуваат да си обезбедат најдобра позиција покрај базенот.
Хаотичната сцена се случила во хотел „Flamingo Oasis“ каде гостите во раните утрински часови трчале кон празните лежалки штом се отворила вратата од просторот каде што е базенот.
Војна за лежалки
Ваквите т.н. „војни за лежалки“ со години се вообичаена појава ширум Европа, туристите буквално се натпреваруваат кој ќе заземе подобро место покрај базенот или на плажа. Често оставаат пешкири, чанти или други лични работи за себеси да си „резервираат“ лежалка, а потоа исчезнуваат со часови.
Оваа пракса станала толкав проблем во туристичките зони што хотелите почнале да воведуваат правила, ангажираат редари и користат системи налик паркинг-картичка за да се изборат со „зачувување“ на лежалките.
Момче станало хит: Скок над пет лежалки
Во видеото кое било споделено на ТиТок, се гледа како еден родител го испраќа детето да ја заземе најдобрата позиција. Видеото станало вирално и било прегледано над 3,5 милиони пати и има над 8.500 коментари.
На видеото се гледа како гостите од хотелот истрчуваат кон базенот, врескајќи и трчајќи што побрзо да ги остават своите работи на лежалките.
Среде метежот, еден човек се провлекува низ луѓето и пoтоа буквално скокнува над пет лежалки, обидувајќи се да ги заземе сите.
Коментари: „Ова е мојот пекол“
Видеото на ТикТок предизвикало бурни реакции:
„Бедно. Одат на одмор и не се поместуваат од лежалките седум дена“, „Апсолутно бедно“, „Тоа не е одмор. Тоа е мојот личен пекол“, „Како градски базен, само со повеќе очај“, „Тажно и непријатно за гледање“.