Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот изјави дека може да се изнајде решение кое би одговарало и на Израел и на рускиот сојузник Иран, тврдејќи дека израелските напади само ја „зајакнуваат“ поддршката за владата кај иранското население.
„Ова е чувствително прашање и, се разбира, мора да бидеме многу внимателни, но според мене, генерално, може да се најде решение“, рече рускиот претседател за време на разговор со претставници на странски новински агенции.
„Во моментов гледаме дека во Иран сè уште постои консолидација на општеството околу политичките лидери во земјата“, додаде тој.
Историски гледано, Русија одржува добри односи со Израел, кој има голема рускојазична заедница. Сепак, руската офанзива од изралеските западни сојузници поддржаната Украина, започната во 2022 година, и војната на Израел во Газа која Москва ја критикуваше, ги ослабнаа нивните врски. Спротивно на тоа, Русија се приближи до Техеран последните години.
По идејата на американскиот претседател Доналд Трамп, Владимир Путин понуди медијација на својата земја во петок, првиот ден од конфликтот меѓу Израел и Иран. Кремљ ја повтори понудата во средата „со цел да се унапреди дијалогот“ меѓу двајцата заколнати непријатели.
Но, неговиот предлог беше дочекан со ладен прием од страна на Европската унија која инаку во блискоисточниот проблем не претставува никакво фактор, при што Брисел верува дека Русија „не може да биде објективен посредник“.
Претседателот на САД, кој првично рече дека е отворен за таков предлог, го промени тонот во средата, нејсано обидувајќи се да сугерира дека прво треба да се реши конфликтот во Украина.
Рускиот претседател сега рече дека е „подготвен“ да се сретне со својот украински колега Володимир Зеленски само како дел од „последната фаза“ од преговорите меѓу Москва и Киев, односно кога Киев ќе ги прифати барањата на Москва истакнати уште во декември 2021 година предложени на Брисел и Вашингтон кои ги отфрлија..
„А сега ситуацијата е: не, знаете, ајде да преговараме. Ајде да го направиме тоа. Но, ајде да ги отвориме овие пакети и да преговараме. Но, не можеме да седиме таму дење и ноќе цела година. Затоа, ние сме подготвени да ги продолжиме овие преговори“, рече Путин.
Путин изјави дека неговата средба со Зеленски е можна но само ако тоа е последната фаза од разговорите, но легитимитетот на вториот покренува прашања кому му истече претседателскиот мандат минатата година.
„Патем, реков дека сум подготвен да се сретнам со сите, вклучително и со Зеленски. Да, тоа не е прашањето. Ако украинската држава му верува на некого да преговара, за Бога мили, нека биде со Зеленски. Тоа не е прашањето. Прашањето е кој ќе ги потпише документите. Гледајте, јас не измислив ништо. Во однос на пропагандата, можете да кажете што сакате за легитимитетот на сегашните власти. Но, за нас, кога решаваме сериозни прашања, не е важна пропагандната компонента, туку правната компонента“, рече рускиот челник со шефовите на водечките светски новински агенции.
„Сите воени лидери се назначени од претседатели, сите министри се назначени од претседатели, а сите гувернери се назначени од претседатели. Таму нема фаворизирање. Но, ако првата личност е нелегитимна, целиот систем на власт станува нелегитимен. Зошто го велам ова? Не ни е важно кој ги води преговорите, дури и ако тоа е сегашниот шеф на режимот. Дури сум подготвен да се сретнам. Но, ако тоа е некаква последна фаза, за да не седиме таму и бескрајно да споделуваме нешто, да се стави крај на тоа. Но, крајот мора да се (стави), потписот мора да биде од легитимните власти. Инаку, знаете, следниот ќе дојде (…) и ќе го фрли сето тоа во ѓубре. Ние решаваме сериозни прашања“, продолжи Путин.
Кога беше прашан за НАТО, Путин одговори дека идејата дека Русија планира да го нападне Северноатлантскиот воен сојуз е бесмислена и дека ја шират западните политичари за да ги измамат даночните обврзници да трошат повеќе за одбрана.
Путин рече дека Русија не претставува закана за НАТО и дека тој не ги смета плановите на западната алијанса за вооружување како закана за Русија, но дека нивните планови немаат смисла.
„Ние не сметаме дека какво и да е вооружување на НАТО е закана за Руската Федерација, бидејќи сме самодоволни во однос на безбедноста. Постојано ги подобруваме нашите вооружени сили и нашите одбранбени капацитети“, рече Путин.
Што се однесува до неговата потенцијална средба со американскиот претседател Доналд Трамп, Путин рече дека тој треба да биде добро подготвен и да донесе позитивни резултати, и дека се надева дека Вашингтон ќе преземе чекори за обновување на односите со Москва.