Кај бројот на починати лица во Македонија лани е забележан благ пораст од 0,1 процент во однос на претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според извештајот, лани починале 20.201 лица, од кои 10.604 се мажи (52,5%), а 9.597 жени (47,5%). Се забележува дека мажите, во просек, умираат 4 години порано од жените. Просечната возраст на починатите мажи е 71,9 години, додека кај жените таа изнесува 76,8 години.
Водечка причина за смрт се болестите на циркулаторниот систем, кои се причина за смрт кај 36,7% од вкупно починатите. Следна причина се неоплазмите (малигни болести) со 19,6%, а потоа ендокрините, нутритивните и метаболичките заболувања со 7,7%. Болестите на респираторниот систем сочинуваат 4,1% од вкупните случаи.
Минатата година се регистрирани и 47 смртни случаи кај доенчиња, што претставува 0,2% од вкупниот број починати.