[ФОТО] По седум години, повторно се отвори етно-комплексот „Македонско село“

Макфакс

19/06/2025

13:23

1.511

Големина на фонт

а а а

По седум години, денес се отвори етно-комплексот „Македонско село“. Премиерот, Христијан Мицкоски, рече дека Скопје добива уште едно туристичко место, со убав поглед и преубави соби и апртмани.

„За мене претставува задоволство што уште еден заборавен, запуштен и би рекол полу уништен објект се става во функција, тоа е овој комплекс, наречен „Македонско село“. Благодарност до инвеститорите, до концесионерите, кои што се охрабрија да инвестираат и да понудат и на Скопје и на сите оние кои ќе го посетуваат Скопје уште едно туристичко, алтернативно и би рекол, ултра квалитетно место, каде што може да се ужива во преубав поглед, во преубави соби, апартмани, би рекол и сигурен сум во превкусна храна. Така што јас би им посакал многу среќа во работата, се разбира“, рече Мицкоски.


Тој ги повика сите оние кои што не го посетиле „Македонско село“, да дојдат во посета.

„И се разбира, во периодот кој што следи, да се погрижиме сето она кое што за жал изминативе седум години беше заборавено, уништено, девастирано, полека, но сигурно го обновуваме и повторно му го враќаме сјајот и го ставаме во функција, едно по едно, во зависност од приоритетите и можностите“, рече Мицкоски.