Мицкоски: Се реконструираат 15, а се градат 11 детски градинки за над 2.600 деца

Макфакс

19/06/2025

13:13

95

Големина на фонт

а а а

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека еден од најголемите проблеми е сместувањето и капацитетите на градинките и што Владата презема на тој план, изјави:

„Тоа беше еден од основните проекти коишто почнавме да го работиме уште од самиот почеток, уште практично, после големата победа на локалните избори во 2021 година, е кога си земавме за цел дека онаму каде што има листи на чекање, да нема повеќе листи на чекање. Тоа најчесто беше пример во Скопје и во неколку поголеми урбани средини и чекор по чекор тој процес се завршуваше. Она што можам да го кажам е дека во моментот околу 15 објекта се адаптираат, реконструираат, модернизираат, коишто би прифатиле околу 1.500 деца, мислам дека 1.461 точно, е капацитетот“, рече Мицкоски.

Додаде дека уште 11 се нови објекти коишто се градат за негде околу 1.100 дечиња.

„Кога сето ова ќе се затвори, листите на чекање мислам дека ќе бидат веќе минато или би биле многу мали или незначителни“, рече Мицкоски.