Кина повика на итен прекин на огнот: „Ова особено важи за Израел“

Макфакс

19/06/2025

12:51

209

Големина на фонт

а а а

Kина ги повика сите страни на Блискиот Исток, особено Израел, веднаш да престанат со борбите, пренесе АФП.

Изјавата доаѓа во време кога продолжува размената на оган меѓу Иран и Израел, а американскиот претседател Доналд Трамп размислува за можното учество на САД во конфликтот.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун рече: „Кина силно ги повикува сите страни вклучени во конфликтот, особено Израел, да ги стават интересите на народот во регионот на прво место, веднаш да го прекинат огнот и да го прекинат конфликтот“.

Тој додаде дека Пекинг се противи на секој чин кој го нарушува суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на другите земји, како и употребата или заканата со сила во меѓународните односи.