Хамнеи: Израел направи голема грешка и ќе биде казнет поради тоа, Иран нема да се предаде

Макфакс

18/06/2025

17:46

1.716

Големина на фонт

а а а

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денеска предупреди дека секое директно вклучување на САД во конфликтот меѓу Иран и Израел ќе има непоправливи последици.

„Ционистичкиот ентитет (Израел) направи голема грешка и ќе се соочи со последиците“, рече Хамнеи во телевизиско обраќање.

Тој додаде дека Иран нема да го прости нарушувањето на неговиот воздушен простор или пролевањето на крвта на неговите, како што ги нарече, маченици.


„Оние кои ја знаат историјата на Иран и народот знаат дека е подобро да не се закануваат“, рече Хамнеи и нагласи:

„Американците мора да разберат дека секоја воена интервенција несомнено ќе предизвика сериозна, непоправлива штета. Тие мора да знаат дека Иран нема да се предаде и дека секој американски напад ќе ги чини скапо – во форма на сериозни и непоправливи последици“.


Регионалните тензии ескалираа од петокот, кога Израел изврши воздушни напади на повеќе локации низ Иран, вклучително и воени и нуклеарни постројки, што го натера Техеран да возврати.