Докторот ја признал вината за смртта на Метју Пери: Го лекувал од зависност од дрога, а сега го чека енормна затворска казна

Точка

17/06/2025

14:17

1.692

Големина на фонт

а а а

Доктор Салвадор Пласенци, еден од докторите обвинет во врска со смртта на актерот Метју Пери, се согласил да ја признае вината, се наведува во нагодбата од обвинителството поднесена вчера.

Пласенци ја признал вината за илегално давање кетамин

Пласенци се согласил да се изјасни виновен по четири точки од обвинението кои го товараат за незаконско давање кетамин на ѕвездата на серијата „Пријатели“. Му се заканува казна од 40 години затвор.


Кои се останатите обвинети за смртта на Метју Пери?

Минатата година поведено е обвинение против пет лица во врска со смртта на актерот Метју Пери. Тројца од обвинетите веќе признале вина: доктор Марк Чавес, асистентот на Пери којшто живеел со него, Кенет Ивамаса и наводниот дилер на дрога Ерик Флеминг. Јасвен Санга, попозната по прекарот „кралица на кетаминот“, се изјаснила дека не е виновна.

Трагичната смрт на актерот и позадината на неговата зависност

Пери почина во октомври 2023 година од „акутно дејство на кетамин“, покажа обдукцијата во Лос Анџелес. Неговото тело го пронашол Ивамаса. Пласенци се обвинува дека на Пери му обезбедил кетамин надвор од законските и професионални рамки.

Постои сомнеж дека Пласенци му дал кетамин на актерот и го научил Ивамаса како да му го вбризга. Токму Ивамаса, наводно, бил тој којшто на Пери му ја дал фаталната доза.


Познато е дека Пери со години говорел отворено за своите проблеми со зависноста. Кетаминот го консумирал интравенозно во клиника како дел од терапијата за депресија и анксиозност.

Според податоците од обвинителството и изјавата на федералните обвинители, двајца доктори на Пери му продале 20 шишенца кетамин за 55.000 долари во готово, при што му наплатиле по 2.000 долари за шишенце кое Чавес го набавувал за само 12 долари.