Ако имате куче, веројатно сте забележале една интересна (и малку збунувачка) појава: миленикот често седнува покрај вас, но свртен со грб . Наместо да ве гледа, седи така што вие гледате во неговиот грб. Додека многумина се прашуваат дали тоа е знак на игнорирање или оддалечување, вистината би можела пријатно да ве изненади.
Знак на доверба, а не одбивање
Ветеринарката Кетрин Андерсон од Институтот за однесување на животни при Универзитетот Корнел објаснува дека однесувањето кај кучињата, исто како и кај луѓето, зависи од секој поединец. Сепак, одредени обрасци се повторуваат, а завртените грбови кон сопственикот најчесто не се знак на непочитување – туку на доверба.
Многу кучиња инстинктивно сакаат да имаат преглед над околината. Кога седнуваат со грб свртен кон нас, чувствуваат дека ние им ги „чуваме грбот“, што значи дека се чувствуваат целосно безбедни во наше присуство. Или, од друга перспектива, доволно ни веруваат за да ни го „свртат грбот“.
@sean_made What does this mean? #animals #petlover #dogsoftiktok #dog #puppy #puppiesoftiktok #fypシ #viral #humor #funny #petsoftiktok #fyp ♬ original sound - sean_made
Кучињата како тивки чувари
На "TikTok" оваа тема стана вирална – многу сопственици споделуваат видеа од своите кучиња кои седат со грб кон нив и објаснуваат дека тоа е начин на кој кучињата покажуваат дека нè штитат. „Кучињата ќе седнат свртени од тебе за да те заштитат“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Ако ти седне на стапалото и го сврти грбот – тоа значи дека ти има целосна доверба.“
А што ако вашето куче не го прави тоа?
Нема причина за грижа ако вашето куче не се однесува така. Секое куче има свој начин на искажување блискост – некои ќе ве гледаат постојано во очи, други ќе легнат покрај вас, трети ќе бараат контакт со муцка или шепа. Најважно е што кучето ја бара вашата близина – без оглед на тоа во која насока гледа.
Ветеринарката Андерсон нагласува: „Кучињата се социјални суштества кои ја бараат блискоста со своите луѓе, без разлика во кој правец гледаат.“
Затоа, следниот пат кога вашето куче ќе седне до вас со завртен грб, не се чувствувајте занемарено. Напротив – тоа е знак на доверба, удобност и блискост. Во неговиот свет, вие сте личноста покрај која може да се опушти – и која, ако треба, ќе ја штити.