Што значи SPF (СПФ) бројот на кремите? Еве како да пресметате колку долго ве штити

Точка

09/06/2025

19:00

912

Големина на фонт

а а а

СПФ е кратенка за фактор на заштита од сонце и игра клучна улога во вашата рутина за нега на кожата и заштита од сонце. Повеќето од нас посегнуваат по СПФ од 30 или 50 без многу да размислуваат што всушност значат тие бројки.

Постојат два вида УВ зраци – УВА и УВБ. Секој продира различно во кожата. СПФ рејтингот се однесува само на УВБ зраците. СПФ бројот покажува колку добро кремот за сончање ја штити вашата кожа од UVB зраците – видот на ултравиолетово зрачење што предизвикува изгореници од сонце и придонесува за рак на кожата.


Кремот за сончање со СПФ 15 блокира 93 отсто од УВБ зраците, додека СПФ 30 блокира 97 отсто. После тоа, разликата во заштитата е мала. СПФ 50 блокира 98 отсто, а СПФ 100 спречува 99 отсто од УВБ зраците да стигнат до вашата кожа.

Размислете вака: ако вашата кожа нормално би изгорела за 10 минути без заштита, СПФ од 30 теоретски ви овозможува да останете на сонце 30 пати подолго – или околу 300 минути – ако се нанесе правилно и повторно се нанесе како што е препорачано.


СПФ ја мери само заштитата од УВБ зраци. Не ги зема предвид УВА зраците, кои продираат подлабоко во кожата и придонесуваат за знаци на стареење и ризик од меланом. Затоа е важно да изберете крем за сончање со широк спектар – таа штити и од УВА и од УВБ зраци.

Дерматолозите препорачуваат користење на најмалку СПФ 30 за секојдневна употреба. За активности на отворено, денови на плажа или продолжено изложување на сонце, изберете СПФ од 50 или повисок.


Побарајте формули со широк спектар и водоотпорни кои можете да ги нанесувате на секои 2 часа или веднаш по пливање или потење.