Водителот на турската телевизиска станица „TYT Türk“, Емре Буга, стана вирален откако ја прекина својата програма во живо поради важна објава. Имено, тој на гледачите им порача дека итно бара вдомители за мачиња.
Водителот ги ставил мачињата на масата и им ги покажал на гледачите, велејќи дека на свет ги донела мачката Лејла, миленичето на телевизиската станица.
„Бебињата ги исчистивме од паразити и ги стерилизиравме, и тие се во одлична здравствена состојба. Им обезбедивме прекрасен простор за живеење, но дојде време да ги предадеме на некој што ќе се грижи за нив со еднаква љубов“, објасни тој.
Тешка разделба
Водителот објаснил на Инстаграм дека толку се приврзал кон малите суштества што очите му се наполниле со солзи кога објавил дека мора да се збогува со нив и им се заблагодарил на колегите што се грижливо внимавале на Лејла и нејзините мачиња.
Видеото стана вирално и допре до многу луѓе, а само на Инстаграм собра повеќе од два милиони прегледи.