Дете првпат проба пица, неговата слатка реакција ги топи срцата

Точка

08/06/2025

15:55

3.105

Големина на фонт

а а а

Пицата е омилено јадење за многумина, а изгледа дека ќе стане омилена и на малиот Лука, откако првпат ја проба додека беше на одмор со родителите во Италија. Неговата мајка, Ели Актсел, му даде да вкуси парче пица, а брзо потоа забележале колку многу му се допаднала.

Иако на почетокот изгледаше како да размислува дали му се допаѓа вкусот, наскоро станал возбуден и побарал уште од мајка му.

„Нема ништо подобро од јадење пица на плажа, драго ми е што и Лука се согласува“, напиша Ели во описот на објавата на Инстаграм, која за само неколку часа беше прегледана од илјадници луѓе.

Реакцијата на малиот Лука на многумина им измами насмевка, а во коментарите пишуваа дека и како возрасни се радуваат на добар залак пица на ист начин. Целото слатко видео можете да го погледнете во продолжение.