Забава како на Ибица, но за помалку пари: Сè повеќе туристи летуваат на оваа балканска дестинација

Точка

09/06/2025

17:09

2.080

Големина на фонт

а а а

Позната по своите спектакуларни плажи и диви забави, Ибица е една од водечките европски дестинации за одмор. Но, поради високите цени, Британците пронајдоа поевтина, но подеднакво привлечна алтернатива – Црна Гора.

Според истражување на „Airbnb“, приморскиот град Тиват во Црна Гора се издвојува како идеално место за уживање во луксуз сличен на оној во Ибица – само за многу помалку пари.

Ибица, позната како остров на забавата и хедонизмот, е спој на прекрасни плажи и живописен ноќен живот и секоја година привлекува над три милиони туристи.


Тиват нуди сè

Портпарол на „Airbnb“ вели: „Британците сè повеќе бараат живописна средина исполнета со забава, што го нуди истиот боемски шарм и динамичен ноќен живот како Белиот остров – Ибица – но без високите цени. Живописен приморски град со привлечност на Монако и Ибица, Тиват нуди луксуз за помалку.“

Тиватската марина, Порто Монтенегро, денес е туристички центар со елегантни ресторани, барови и мноштво суперјахти.

Некаде во минатото поморска база, денес е трансформирана во една од најсјајните дестинации во Европа, благодарение на голем развоен проект.

Еден корисник на "TripAdvisor" ја опишува марината како „мал Монако“, додека друг ја фали за нејзиното прекрасно шеталиште.

Далеку од марината, туристите можат да го истражат Градскиот музеј за поморско наследство, за подобро да ја запознаат крајбрежната историја на овој регион.


Тиват и плажите

Кога станува збор за плажи, плажата Понта е едно од најдобро оценетите места за капење и сончање во Тиват.

Оценките на "Google" се одлични, а туристите задоволни: „Прекрасна јавна плажа. Нема чадори, лежалки, музика или други здодевни содржини. Само чисто море, преубав поглед и љубезни луѓе.“

Дополнително, туристите се на одлична локација за да го истражат и остатокот од возбудливото црногорско крајбрежје.

На само половина час возење од Тиват, посетителите можат да го посетат Котор – приморски град со преубав залив.


Пераст, историски град што по својата архитектура често се споредува со Венеција, се наоѓа на околу 45 минути возење со автомобил.

А патувањето до Тиват нема да чини цело богатство, пишува „Daily Mail“. Локално пиво чини околу 2,50 евра (2,10 фунти), а капучино е под 3 фунти, според податоците од „Numbeo“.

Во јули и август температурите во Тиват достигнуваат до 30 степени, а сончевото време трае од април до октомври.