[ФОТО] Аферата со 19 години постариот заводник речиси ја уништи: Сега се појави во провокативен, никогаш пократок фустан

Точка

09/06/2025

16:08

2.678

Големина на фонт

а а а

Лили Џејмс позирала за фотографите на фестивалот Трибека и покажа сосема неочекувано модно издание кога е таа во прашање.

Актерката Лили Џејмс ги воодушевила сите со своето присуство на фестивалот Трибека.

Единствениот коментар кој можел да се чуе бил „дали можеше да избере пократок фустан?“.

Заносната Лили прошетала во темен фустан со набори на колковите и силно нагласен струк. Интересниот крој вклучувал ролка, но и долги ракави, а Лили сето тоа го комбинирала со елегантни црни салонки.


Сè било совршено спакувано, што не е изненадувачки, со оглед на тоа дека станува збор за една од најубавите жени во Холивуд.


Иако се обидува да ја чува својата интима само за себе, своевремено беше во центарот на голем скандал.


Скандалот ја обележа

Имено, во 2020 година, додека правеле пауза од снимањето на драмата „Потрагата по љубовта“ (The Pursuit Of Love), Лили Џејмс и 19 години постариот актер Доминик Вест биле забележани на романтичен одмор во Рим.

Тој во тој период бил среќно оженет, а потоа ова стана најпознатиот триаголник. Вест набрзо се обидувал на секој начин да покаже дека сè е во ред меѓу него и неговата сопруга, а Лили никогаш не сакаше да коментира за обвинувањата, само привремено се повлече од медиумите.