Најновите истражувања се многу оптимистични. Научниците од Универзитетот Калифорнија, во Дејвис, откриле дека редовната консумација на ова овошје може да донесе мерливи здравствени придобивки за жените во постменопауза, особено за оние кои се борат со дебелина.
Студија спроведена на 24 жени на возраст од 50 до 70 години покажала дека консумацијата на околу 1,5 манго дневно во текот на две недели значително го намалува крвниот притисок и нивото на холестерол, клучни маркери за кардиоваскуларното здравје кои можат да влијаат на ризикот од развој на срцеви заболувања.
„Фактори на ризик како што се високиот крвен притисок и нездравиот холестерол се клучни причини за кардиоваскуларни заболувања. Нашата студија покажува дека дури и краткорочните промени во исхраната, како што е секојдневното консумирање манго, можат да имаат значајни здравствени придобивки“, објасни д-р Роберта Холт, коавторка на студијата.
Од учесниците во студијата било побарано да се воздржат од јадење манго пред почетокот на експериментот. Потоа, две недели, консумирале две порции манго дневно, наутро и навечер. Резултатите биле ветувачки:
Крвниот притисок кај жените во мирување се намалил само два часа по консумирањето на овошјето.
По две недели, вкупниот холестерол се намалил во просек за 13%, а нивото на лошиот LDL холестерол се намалил за исто толку.
Во дополнителна, помала студија спроведена на шест жени, истражувачите ги споредиле ефектите од мангото и белиот леб врз нивото на шеќер во крвта. Тие откриле дека нивото на шеќер во крвта се зголемило значително помалку по консумирање манго отколку по консумирање леб. Покрај тоа, нивото на инсулин, исто така, реагирало поповолно на мангото, што е доказ дека ова овошје може да поддржи здрав метаболизам.
Иако мангото содржи повеќе природен шеќер од многу други овошја, тоа исто така обезбедува клучни витамини и хранливи материи. Овие својства го прават уникатна поддршка за здравјето на срцето и метаболизмот.
„Жените во постменопауза се соочуваат со значајни метаболички промени што можат да го зголемат ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Нашата студија сугерира дека дневната консумација на манго може да биде едноставна, но ефикасна стратегија за поддршка на здравјето кај оваа група“, нагласи д-р Холт.
Иако резултатите се ветувачки, истражувачите забележуваат дека се потребни повеќе истражувања за целосно да се разберат ефектите на мангото врз здравјето на срцето и метаболизмот. Сепак, веќе е јасно дека ова благо овошје може да биде вреден дел од исхраната.