Пејачката и актерка Никол Шерцингер освоила Тони награда за најдобра актерка за филмот „Sunset Boulevard“, а на доделувањето се појавила во фустан инспириран од Џесика Ребит кој ја истакнал нејзината линија на тело.
Освен што се нашла во центарот на внимание затоа што освоила награда за главна актерка, пејачката Никол привлекла големо внимание со својот изглед.
Гламурозното издание на пејачката било инспирирано од Џесика Ребит, а црвениот топ фустан бил целосно покриен со светкави детали и покажал дека Никол изгледа апсолутно фантастично и на 47 години.
Креацијата ја следела линијата на тело, а од страната фустанот има голем прорез. Особено внимание привлекува и накитот којшто го носела Никол, а тоа е ѓердан со дијаманти од колекцијата „Kwiat“.
Нејзината колекција накит вклучува ѓердан со приврзок во облик на крушка од 22,5 карати, обетки со смарагдни детали од 5 карати и неколку дијамантски прстени, од кои еден има 17,5 карати.
Шминката и фризурата го следеле целокупниот изглед на пејачката и направиле сето тоа да изгледа навистина магично.
Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Никол?