Алкарас за историскиот податок кој го поврзува со Надал: Тоа е судбина

Дерби

09/06/2025

11:28

164

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкарас блескаше од среќа и радост по големиот пресврт кој го режираше во финалето на Ролан Гарос, епски дуел кој ќе остане запаметен по страшниот тенис од двајцата актери, како и трите спасени меч топки од страна на Шпанецот.

Јаник Синер имаше три меч топки во низа и беше на поен од прв трофеј на Ролан Гарос, но Алкарас одби да се предаде во стилот на Рафаел Надал и во продолжение режираше пресврт кој веднаш доби епски размери од страна на светските медиуми.

Алкарас не штедеше пофални зборови за својот ривал Синер по победата во пет сета по пет ипола часа битка, а на прес-конференцијата по финалето, спореди и една негова неверојатна статистика која го поврзува со Надал.

Карлос стана првиот тенисер кој стигнал до пет грен слем трофеи на 22-годишна возраст, нешто што доега беше симбол за „бикот од Мајорка“ кој инаку е и идол на Алкарас.

– Ова беше највозбудлив меч во мојата кариера, во тоа нема никаков сомнеж. Овој меч имаше добри и лоши моменти, но горд сум како се носев под притисок. Ова е прва победа во мојата кариера по негатива од 0:2, не можеше да изберам подобро сценарио за такво нешто, ова беше финале на грен слем турнир.

– Пет титули на 22 години, исто како Надал? Допрва ќе станам свесен што направив. Тоа што освојувам петти грен слем трофеј на иста возраст како Надал е тениска судбина, тоа е статисика која вечно ќе ја чувам за себе. Тоа е голема чест и мислам дека не е случајно, тоа е тениска судбина. Се надевам дека нема да сопрам тука и дека ќе освојувам уште многу трофеи, – изјави Алкарас.

– Не престанав да верувам во ниту еден момент, на некои претходни мечеви сум се сомневал во себе, но овојпат ниту еднаш. Дури и кога имаше три меч топки, го играв секој поен со јасна цел и верував дека можам да победам. Реалноста е дека публиката ме врати во мечот и ми помогна да го одржам неговиот ритам. Синер играше луд тенис во првите три сета, но шампионите се препознаваат кога околностите се најтешки. Горд сум на тоа што го постигнав, – изјави Алкарас.