Тажна вест од Минхен: Финалето меѓу Португалија и Шпанија засенето од голема трагедија на „Алијанц арена“

Дерби

09/06/2025

11:29

438

Големина на фонт

а а а

Португалија имаше повеќе нерви и умешност во пенал рулетот и успеа да ја победи Шпанија за втора титула во Лигата на нации, па иако еуфоријата на теренот беше огромна, во подтрибинскиот простор и за време на прес-конференциите владеела и малку траорна атмосфера.

Причина за тоа е големата трагедија која се случила пред самиот старт на второто продолжение на „Алијанц арена“, кога во близина на прес-делот на трибината паднал еден фан од најгорниот дел.

Како што јавуваат медиумите, повозрасен германски фан паднал од горниот дел од трибините и заработил тешки повреди, по што итно му била укажана лекарска помош.

За жал, многу брзо по финалето пристигна информација дека фудбалскиот фан починал како последица на страшниот пад и здобиените повреди, па истата ја искоментирал и шпанскиот селектор, Луис де ла Фуенте.

– На стадионот во Минхен се случи ситуација која побара итна интервенција од медицинските служби. И покрај напорите на докторите за спас на човечкиот живот, за жал фудбалскиот фан почина шест минути после полноќ. Нашите мисли се со неговите најблиски и сакани во овие тешки моменти, – порачаа од УЕФА.

– Пред се, сакам да изразам сочувство до семејството на фанот кој починал денеска. Фудбалот е во втор план, ова само ни покажува дека има многу поважни работи во животот, – изјавил Де ла Фуенте.