Португалија го доби пенал рулетот за втора титула во Лигата на нации, Роналдо го заврши финалето со солзи во очите (Видео)

Дерби

09/06/2025

07:48

687

Големина на фонт

а а а

Португалија по вторпат излезе како победник во четвртото издание во Лигата на нации, и тоа откако денеска во големото финале го победи актуелниот европски шампион.

Шпанија на двапати водеше на „Алијанц арена“ и се чинеше дека е поблиску до својот втор трофеј, но на крајот тоа го направија Португалците кои на крајот имаа повеќе нерви, но и повеќе среќа.

„Црвената фурија“ доаѓаше до предност со погодоците на Зубименди и Ојарзабал, но тимот на Роберто артинез во два наврати се враќаше преку Нуно Мендеш и Кристијано Роналдо.

Капитенот на Португалија постигна гол кој беше исклучително важен во вториот дел, а бидејќи немаше победник по 90 минути игра, натпреварот отиде во дополнителни 30 минути.

Двете селекции прилично тактизираа и едвај ги чекаа ударите од 11 метри, па во пенал рулетот како клучна се покажа одбраната на Кошта во соочувањето со Мората, кој на крајот е трагичар на Шпанците во второто финале во Лигата на нации.