Кристијано Роналдо со солзи во очите го дочека 36-от трофеј во својата блескава играчка кариера, па иако пред некое време ја „раситни“ петтата деценија од животот, португалскиот капитен не размислува на пензија.
Како лидер на оваа нова генерација фудбалери на Португалија, целта на Роналдо е да игра на Светското првенство кое се игра наредната година, а за да се случи такво нешто, ќе мора да ја темпира формата какошто тоа го прави во изминатите две децении.
По крајот на клупската сезона, се отворија сомнежи за останувањето на Роналдо во Саудиска Арабија и многумина шпекулираа за сензационално враќање во Европа, но Кристијано сега целосно демантираше такво нешто.
Планот на Роналдо е да остане во Саудиска Арабија и да го продолжи договорот со Ал Наср, информација која и самиот ја потврдил по победата над Шпанија во финалето во Лигата на нации.
– Мојата иднина? Ништо се нема променето на таа тема. Дали ќе останам во Ал Наср? Да, – кратко и концизно одговорил Роналдо.