Бернардо „удри“ по судијата Винчиќ: Тој не ги знае правилата

Дерби

05/06/2025

11:24

397

Големина на фонт

а а а

Португалија го обезбеди првиот билет за финалето на Лигата на нации и тоа откако со пресврт славеше над домаќинот Германија на мечот што се одигра во Минхен.

Португалците славеа со 2-1 со погодоците на Консеисао и Роналдо во 63 и 68 минута и сега мирно ќе можат да го проследат второто полуфинале меѓу Шпанија и Франција по кое ќе го дознаат ривалот за пехарот во ова натпреварување.

Избраниците на Мартинез го добија овој натпревар и можат да се фокусираат на наредниот предизвик, ама прашање е каква ќе биде нивната реакција ако не се пласираа понатаму затоа што имаа многу забелешки на арбитражата на Славко Винчиќ. Постоеше нервоза, имаше реакции, а особено беа незадоволни што Словенецот го призна погодокот на Вирц во 48 минута.

Винчиќ беше повикан од ВАР собата да ја погледне снимката затоа што Волтемаде влијаеше во акцијата и беше во офсајд, но судијата набрзина ја погледна ситуација и веднаш реши дека голот е регуларен.

- Тежок натпревар, го очекувавме тоа бидејќи имаат многу квалитет. Играа дома, знаевме дека ќе играат со многу интензитет, со многу енергија како што секогаш прават.

- Ама денеска одигравме добар натпревар. Многу карактер, многу интензитет од наша страна. Не е лесно да се губи со 1-0 на почетокот од [второто] полувреме, дури и ако голот е офсајд, дури и ако судијата не ги знае правилата, но тоа е друго прашање. Среќни сме што успеавме да се вратиме, - истакна Бернардо Силва.