[ВИДЕО] „Без Сара е - и ќе биде тешко, таа е дел од мене“: Ана Костадиновска за првпат на сцена по трагедијата во Кочани, a еве и зошто баш со Каролина

Точка

27/05/2025

21:42

4.183

Големина на фонт

а а а

Поминаа повеќе од 2 месеци од трагедијата која засекогаш ги одбележа нашите животи. После тој кобен 16 март повеќе ништо нема да биде исто, но немаме многу избор. Како што тече водата, така и минуваат деновите – без да ги засега дали ние сме подготвени за следното утро или не.

Една од оние кои беа директни сведоци и учесници во дискотеката во Кочани е Ана Костадиновска, придружниот вокал на групата ДНК – воедно и една од тројцата преживеани од некогашниот популарен македонски бенд.

И те нема и секаде те има, неизбежно те има... во себеси те носам!!!💔

Posted by Ana Kostadinovska on Thursday 24 April 2025

И покрај тагата и болката со кои секојдневно се соочува, таа сепак одлучи да биде посилна од нив и повторно да застане на сцена.

Имено, ќерката на легендарниот Кире Костов, во Валандово го имаше својот прв јавен настап по ужасниот 16 март.

✨️ Магична ноќ со Каролина во Валандово


Со години нѐ радува, ни дава спомени и нѐ поврзува со музика што останува засекогаш во срцата, а вечерва во Валандово на преполниот плоштад го остави нејзиното големо срце.


Горди сме што ја имавме вечерва, една, единствена, неповторлива!


Таа вистинска Македонска убавица, разиграна, среќна, перфекционист, нејзинот глас, ехо на незаборавни, убави моменти, песните што ја бојат душата со емоции, љубов и топлина.


КАРОЛИНА ГОЧЕВА ❤

Posted by Radio Valandovo 91.6 fm on Monday 26 May 2025

Таа настапи заедно со Каролина Гочева, а по концертот откри дека не случајно ја прифатила поканата од македонската поп-ѕвезда.

„Каролина е кралица, една и единствена. и како уметник и како човек. Таа и Елена Ристеска беа покрај мене целиов овој период и го направија поподнослив во секоја смисла. Каролина и јас си имаме наша интимна приказна, која, покрај професионалната, трае со години и е еднакво цврста. Каролина ми беше најголемиот столб во сите мои животни бури и премрежиња и затоа појавувањето на сцена покрај и зад неа за мене беше многу поедноставно.“, изјави Ана за порталот „СДК.мк“.


„Без Сара е и ќе биде тешко. Таа е дел од мене, моето второ јас и секогаш ќе биде присутна во секој испеан стих на кој заедно сме се радувале.

Angeli moi💔

Posted by Ana Kostadinovska on Wednesday 26 March 2025

Со Каролина ја споменуваме често, имаме еден куп патешествија и заеднички спомени на кои со радост се сеќаваме“, ги пренесува „Црно Бело“ зборовите на Ана Костадиновска.