Изненадувачка фотографија од Сара Мејс и Стефан Николовски: Ептен блиски и се „валкаат“ во брашно

Точка

14/02/2026

16:44

229

Големина на фонт

а а а

Сара Мејс е многу блиска со Стефан Николовски, познат актер, стендап комичар и едно од најпопуларните млади лица на социјалните мрежи.

Се појави изненадувачка слика од познатата пејачка и харфистка со комичарот токму пред Денот на вљубените на која изгледаат доста блиски. Сара не сакаше да ја коментира сликата на која таа и Стефан се во опуштена атмосфера, во кујна, речиси целите покриени со брашно. Дали претерале Стефан и Сара и во што точно, проценете сами.


Поп-пејачката и харфистка, минатото лето летово ја промовираше новата песна „Убав е“ и видеоспот што го снимаше во Грција. Таа беше актуелна и со настапот на свеченото отворање на Европската младинска олимпијада во Скопје.

Сара, со својот вокален женски квртет „Сара Мејс енд д грлс“ во кој со неа пеат Ана Петановска, Калина Велковска – Кали и Теа Богатинова,заедно со Божиќниот оркестар предводен од маестро Иван Еминовиќ, одржаа серија предновогодишни концерти низ Македонија.

Таа е во брак со водителот Димитар Атанасовски и имаат две деца, Илина и Кирил.


„Главната работа е да не престанеш да создаваш. Ако во некој момент немаш нешто подобро од претходното — не е ништо страшно. Затоа треба да дозираш. Буквално, кога ќе сфатам дека сме претерале, кога почнувам да им станувам напорен на луѓето и ‘излегувам од фрижидер’, си велам: ‘Чекај малку. Или ќе намалиме, или ќе смислиме нешто ново’“, вели Стефан Николовски.

Комерцијален текст