[ВИДЕО] Неверојатно признание на министерот за здравство на САД: „Шмркав кокаин од даски за тоалетни школки“

Точка

13/02/2026

08:44

664

Големина на фонт

а а а

Американскиот министер за здравство и социјална заштита Роберт Ф. Кенеди Помладиот изнел шокантно признание за своето минато со дроги за време на гостување во поткастот „This Past Weekend“.

Кенеди, зборувајќи за својата борба со зависноста, открил досега непознати детали. Во разговор со комичарот Тео Вон во поткастот „This Past Weekend“, Кенеди раскажал како двајцата се запознале. „Со години бевме заедно на патот на закрепнувањето“, рекол Кенеди, а Вон потврдил дека се среќавале на утринските состаноци на лекувани зависници уште пред пандемијата Ковид-19.

Основал „пиратска“ група

Потоа Кенеди раскажал како за време на пандемијата основал „пиратска“ група што и покрај мерките продолжила да се состанува, што го поттикнало на шокантно признание.

„Кога се собравме, реков: „Не ми е гајле што ќе се случи, ќе одам на состаноците секој ден“. Не се плашам од вирусот, некогаш шмркав кокаин од тоалетни школки. Знам дека оваа болест ќе ме убие ако не се лекувам, а за мене тоа значи секојдневно одење на состаноци. Без тоа животот ми е готов“, раскажал Кенеди.

Потоа кратко поразговарале за одвикнувањето, а потоа преминале на други теми, вклучувајќи ја работата на Кенеди во Министерството за здравство и социјална заштита како и за неговата адвокатска кариера.

Минато одбележано со дрога и апсења

Кенеди и претходно јавно зборувал за своите проблеми со зависноста. На 16 годишна возраст бил уапсен поради поседување марихуана. Во 1983 година во Јужна Дакота бил повторно уапсен, и тоа поради поседување хероин. Кенеди рекол дека токму тоа второ апсење го поттикнало да престане со употребата на дрога.


Трампов министер од минатата година

Претседателот на САД, Доналд Трамп го именувал Кенеди за министер за здравство во јануари 2025 година, а Сенатот го потврди неговото именување наредниот месец.