[ФОТО] Крај на гласините дека повеќе не се заедно, Тамара за љубовта со Лука: „Никогаш не сме престанале...“

Точка

10/02/2026

11:43

1.837

Големина на фонт

а а а

По гласините дека ставија крај на нивната љубовна врска, пејачката Тамара Тодевска на Инстаграм објави фотографија на која му го честита роденденот на својот љубен.

Тамара објави заедничка фотографија со партнерот Лука Радовиќ и стави крај на гласините дека парот повторно не е заедно.

На фотографијата таа му го честита роденденот на Лука, со порака:

✨ „Те бирам тебе. Денес, утре и засекогаш. Среќен роденден љубави“.

[📸 Инстаграм]

Во изјава за „Слободен печат“ Тамара коментирала за наводниот крај на нивната љубовна врска:

✨ „Немам што да кажам повеќе. Се гледа сѐ на сликата. Никогаш не сме престанале“.

Гласините за раскинувањето на парот се појавија откако пејачката неодамна на Инстаграм објави видео инспирирано од серијата „White Lotus“ и покажа како изгледа кога една слободна мајка повторно оди на љубовен состанок.


Сепак, љубовта е посилна од сѐ, а на Тамара и Лука им посакуваме уште многу заеднички моменти исполнети со среќа и разбирање.