Луѓето тврдат: Ова е најдобриот вистинит криминалистички документарец на Нетфликс

Точка

13/02/2026

11:00

718

Големина на фонт

а а а

Нетфликс е познат по документарни серии за вистински злосторства кои редовно ги освојуваат врвовите на гледаноста, а неодамна обожавателите прогласиле еден наслов за „најдобар досега“.

Станува збор за француски документарец кој го истражува случајот на Грегори Вилемин, четиригодишно момче кој бил киднапиран пред семејната куќа а потоа убиен во 1984 година. Неговото тело било пронајдено околу 4 километри подалеку од домот.

Документарната серија „Кој го уби малиот Грегори?“ (Who Killed Little Gregory?), детално ги прикажува настаните кои претходеле на исчезнувањето на момчето, како и мачните околности што следувале по неговата смрт.

На денот на исчезнувањето, првата тревога ја кренала мајката на Грегори. Само половина час подоцна, неговиот чичко примил анонимен повик со морничава порака дека момчето било фрлен во реката Волоњ. Телото на момчето било пронајдено истата вечер, околу 21 часот недалеку од домот. Тој бил заврзан со јаже, а преку лицето имал волнена капа.

Долга и мачна истрага

Од убиството на Грегори во 1984 година во истрага биле испитувани повеќе осомничени лица.

Меѓу нив бил и Бернар Ларош, роднина на таткото на момчето. Во злосторството го вовлекле графолошките вештаци и исказот на неговата сестра Муриел Бол, која подоцна ја повлекла својата изјава по излегувањето од затвор.

Во еден момент под сомнение била и мајката на Грегори, Кристин Вилемин. Се сомневало дека таа можеби била авторка на низа анонимни писма, познат како „Гавран“. Таа била обвинета за убиството во 1985 година. Во тоа време била бремена и започнала единаесет дневен штрајк со глад. Наводно по полициското испитување го изгубила едниот од близнаците.


Кристин била ослободена од обвинение во февруари 1993 година додека нејзиниот сопруг Жан Мари во 1987 година бил осуден поради убиство на осомничениот Бернар Ларош, а случајот веќе бил тема на повеќе документарни серии, како и француската драмска серија „Француски случај“.


Гледачите го фалат потресниот документарец

Француската документарна серија „Кој го уби малиот Грегори?“ има пет епизоди и вклучува интервјуа со истражители и новинари кои работеле на овој сложен случај. Иако серијата беше објавена уште во 2019 година, неодамна доживеа нов бран на популарност меѓу љубителите на жанрот, кои ја опишуваат како „извонредна и потресна“.

На платформата „ИМДб“ еден гледач напишал: „Ја гледав целата серија во еден здив. Навистина потресен и шокантен документарец. Не ја истражува само тагата и неуспешното правосудство, туку и тенденцијата на јавноста за претворање во толпа со вили и факели. Вистинска студија на човечката природа“.


Друг гледач коментирал: „Брилијантна и напната реконструкција на повеќеслојна истрага, алегориска приказна за медиуми и правосудство, тајни и лаги, амбиции и трагедии, заедница и индивидуализам, насилство и завист. Оваа серија е една од најдобрите што Нетфликс некогаш ги снимил“.

Трет напишал: „Раскажувањето ве држи приковани за екран, постепено ве воведува во сложеноста на истрагата, а притоа ништо не станува збунувачко. Ако сакате обмислени документарци за вистински злосторства со добар ритам, секако го препорачувам „Кој го уби малиот Грегори“.