Поранешната сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски гостуваше во емисијата „Нешто конкретно“ кај водителката Снеже Велков, каде што се зборувало на многу важни теми.
Кој ја учи жената колку вреди? Што сме научиле од нашите баби, што сме престанале да правиме да не бидеме исти како мајките? Зошто разведената жена нема иста вредност како слободната? Што ако жената е само паметна, а не и убава и дали може да вреди?... Прашањата на кои одговорите можевме да ги слушнеме во емисијата „Нешто конкретно“, каде гостуваше и поранешната сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски.
Кристина Димитри, младата мајка која одамна се разведе од Даниел, а со кого го имаат синчето Давид (8) во емисијата вели:
✨ „Таткото не треба да заборави дека е биолошки татко. Јас многу добро паметам со кого бев, но да, сѐ е до родителот“.
На прашањето, „Кристина, дали го применуваше правилото да не се расправате пред малиот“, Кристина одговара:
✨ „Другата страна не го сфати тоа и затоа и се разделив.
Сакав моето дете да расте во здрава средина и моето дете сега полни 9 години и е со здрава психа, насмеан, среќен и нема допирна точка со ништо што е лошо. Мислам дека тоа треба да е мисија за секој родител“.
Кристина за улогата на мајка вели:
✨ „Мислам дека мајката е пример во едно семејство. И јас кога бев во брак, мајка ми беше со мене на телефон, ме учеше што како треба затоа што млада се омажив – од 17 години бевме заедно, а од 19 во брак.
Научив сѐ да приготвувам и има една анегдота кога бившиот се пошегува: Сега на мене се учиш, еден ден на некој ќе му спремаш топ. Сам испрати порака до универзумот, не е до мене“.

Кристина проговори и за разводот од Даниел Кајмакоски:
✨ „Јас бев прилично млада, имав 22 години кога се разделив. Во тој момент, бидејќи многу работи испуштив затоа што бев посветена на домот и на сопругот, морав да го запишам првиот факултет, да земам возачка, да земам неколку различни стипендии и лиценци и да работам паралелно.
Да не се лажеме, тоа е навистина психички тежок период. Треба да се излечиш од сето тоа и да бидеш здрав, пред сѐ, за своето дете. Мојот син во тоа време имаше една година. Ти си дете, имаш дете и имаш трауми.

Така што, немав време да мислам на некого или пак некој да мисли на мене. Да сум таков тип, јас не би се омажила на 17 години, туку би живеела живот кој е слободен“, рече Кристина и додаде дека најголемата поддршка ја добила од мајка ѝ, татко ѝ и брат ѝ.
„Тие се сѐ што сум јас“, изјави таа.
🎬 Погледнете ја целата емисија „Нешто конкретно“ во продолжение:












