Повеќе од шест децении по објавувањето, песната на Кони Френсис „Pretty Little Baby“ доживеа вирален момент, станувајќи популарен звук на ТикТок.
Песната од 1962 година е користена во различни видеа – од естетски блогови до откривање на полот на бебињата и друга разиграна содржина-и моментално во просек се користи повеќе од 600.000 пати дневно на оваа платформа.
На трендот му се придружија Ким Кардашијан и Кајли Џенер
Познати личности како Ким Кардашијан и Норт Вест, како и Кајли Џенер исто така се приклучија на овој тренд, објавувајќи слатки видеа со нивните ќерки на оваа песна.
Денес, песната има неверојатни 10 милијарди прегледи, што ја прави број 1 на „Viral 50“ и „Top 50“ листите на ТикТок. Од април, песната во САД се слушала 17.000 пати неделно, а само еден месец подоцна, бројот на стримови се зголемил на 2,4 милиони неделно, според податоците на магазинот „Bilboard“. Вкупно, остварила 14 милиони глобални стримови и го зазеде 67-то место на рангирањето на глобалните топ 100 на „Spotify“.
„Искрено, не се ни сеќавав на таа песна“
„Pretty Little Baby“ е рангирана на #4 на „Spotify’s Viral 50“ – Глобална топ-листа и на #3 на „US Viral 50“. За да задржат овој замав, дискографската куќа „Republic/Ume“ повторно ја објави песната на неколку јазици.
Прилично импресивна статистика за песна која не беше објавена ниту како сингл во тоа време – па што вели самата Френсис за сето тоа? Искрено, не се ни сеќавав на таа песна“, изјави Френсис (87) за People. „Морав да ја слушам за да ја запомнам. Помислата дека песната што ја снимив пред 63 години ги допира срцата на милиони луѓе денес – навистина е неверојатно. Тоа е неверојатно чувство“.
Прилично импресивна статистика за песна која не била објавена ниту како сингл во тоа време – па што вели самата Френсис за сето тоа? „Искрено, не се ни сеќавав на таа песна“, изјавила Френсис (87) за „People“. „Морав да ја слушнам за да се потсетам. Помислата дека песната што ја снимив пред 63 години ги допира срцата на милиони луѓе денес – навистина е неверојатно. Чувството е магично.“