СЗА очигледно не очекувала да освои награда на Американските музички награди бидејќи дефинитивно не беше подготвена да излезе на сцената. На церемонијата во Лас Вегас, таа ја освои наградата за омилен аренби изведувач, победувајќи ја конкуренцијата од имиња како Тајл, Самер Вокер и Келани.
Иако беше номинирана за неколку музички награди, нејзината облека, според многумина, не беше соодветна за искачување по скалите до сцената. Откако беше прогласена за победничка во категоријата Омилен аренби изведувач, на СЗА (вистинско име Солана Имани Роу) ѝ беше потребна помош од две лица за да излезе на сцената, сето тоа поради нејзиниот екстремно тесен фустан.
Во еден момент се обиде да скока по скалите, но брзо сфати дека со тоа речиси ги покажа градите.
🎥 | @SZA’s acceptance speech for ‘Favorite Female R&B Artist’ at the 2025 American Music Awards #AMAs
— SZA Source (@sourcesza) May 27, 2025
pic.twitter.com/ih863wVjon
Што се однесува до самите награди, вечерта ја одбележа Били Ајлиш, освојувајќи награди во сите седум категории во кои беше номинирана. Тејлор Свифт, и покрај тоа што имаше шест номинации, остана без признание. Други значајни победници беа Лејди Гага, Бруно Марс, Бијонсе и Еминем.