Како што изјавил во интервјуто со Лари Кинг, мајка му му објаснила дека го дала на посвојување од оправдани причини и дека сакала подобри услови за неговото растење.
Реј Лиота, американски актер којшто е најпознат по улогата на Хенри Хил во култниот филм „Добри момци“, починал во сон на 67 години во Доминиканската Република, додека снимал филм.
Неговиот животен пат бил исклучително инспиративен – од дете од сиропатилиште до ѕвезда на светската кинематографија.
Посвоен во детството, но никогаш заборавен
Роден на 18 декември 1954 година во Њујорк, Њу Џерси, Реј бил посвоен како шестмесечно бебе од страна на италијанско-американскиот пар Мери и Алфред. И неговата сестра Линда била посвоена.
Уште како дете, тој дознал дека не е биолошки син на неговите родители, но тоа го прифатил со љубов и благодарност.
Потрага по идентитет
Во подоцнежни години, актерот посакал да ја најде својата биолошка мајка. Со помош на приватен детектив, успеал да ја лоцира, а истото успеал да го направи и за своите биолошки браќа и сестри. Во таа прилика дознал дека во поголем дел има шкотско потекло.
Одговори
Иако во младоста имал тешкотии да разбере како може да се напушти сопственото дете, средбата со биолошката мајка му ја сменила перспективата. Како што изјавил во интервјуто со Лари Кинг, мајка му му објаснила дека го дала на посвојување од оправдани причини и дека сакала само подобри услови за неговото растење. Тој момент за него бил „уште едно животно патување“.
Благодарен на љубовта која ја добил
Без оглед на бурните емоции и разочарувања кои ги чувствувал при средбата со биолошката мајка, актерот за интервју за „The Guardian“ нагласил дека е исклучително благодарен на семејството кое го одгледувало:
„Навистина сум бил благодарен што сум посвоен“.