Познатиот холивудски актер призна: „Јас сум наркоман, исто како и моите покојни родители“

Точка

25/05/2025

09:48

1.405

Големина на фонт

а а а

Еден од најпопуларните холивудски актери Бери Коган раскажа сè за својата долгорочна зависност.

Коган (32) во интервју за „Hollywood Authentic“ раскажа дека неговата мајка починала од зависност од хероин кога тој имал 12 години.

Се присети дека тој и неговиот брат ги поминале следните години од детството во и надвор од згрижувачките домови во Даблин.

Актерот, кој го промовираше филмот „Saltburn“, се присети на страшните детали од неговото детство во проблематичната населба Самерхил во Даблин: „Се сеќавам дека ја слушнав мајка ми како вреска и нè повикува додека се бореше со зависноста, додека бараше пари за да купи хероин. А само ни беше кажано да останеме во креветот. Не смеевме да отидеме да ја прегрнеме“, раскажа тој.

„И татко ми умре од дрога. Изгубив двајца чичковци и братучеди поради дрога. Тоа требаше да биде доволно да си речам: „Океј, доколку и јас се вплеткам во ова, ќе бидам уништен“. Но, љубопитноста е моќна работа“, призна тој, а потоа додаде:


„Понекогаш е корисно, а понекогаш е штетно. За мене беше штетно. Дури и доаѓањето на мојот сопствен син на овој свет не ме спречи да бидам љубопитен“.

Коган е татко на двегодишниот Брендо, кој го доби со неговата поранешна партнерка Алисон во август 2022 година.

„Веќе не негирам. Разбирам дека имам зависност и јас сум зависник. Знаете, кога ќе го прифатите, конечно можете да продолжите понатаму и да научите да се справувате со тоа“.


За време на гостувањето во поткастот „This Life of Mine“ на Џејмс Корден минатата година, актерот прозборе за тоа како системот за згрижување „почнува да влијае на вас додека растете“.

„Имав многу проблеми со довербата, никогаш не верував во љубов, никогаш не верував дека некој сака да ме запознае, или, да речеме, да бидеме пријатели. Не верувате во ништо“, продолжи Коган.

„Имате проблем со лојалноста и напуштањето и јас работев на сите тие работи со неколку терапевти низ годините“, додаде актерот.

Во 2023 година, Коган доби номинација за Оскар за најдобра споредна машка улога, за улогата на Доминик Кирниј во мрачната комедија на Мартин Мекдонаг „The Banshees of Inisherin“. Не освои Оскар, но ја освои наградата БАФТА.