По осум години се огласи – Бред Пит конечно проговори за разводот со Анџелина Џоли: „Мислам дека...“

Точка

29/05/2025

08:37

6.268

Големина на фонт

а а а

Популарните актери се запознале на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ и љубовта веднаш се родила меѓу нив.

Холивудскиот актер Бред Пит беше во брак со актерката Анџелина Џоли од 2014 до 2019 година.

Тие се запознале на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ и се зборуваше дека токму убавата актерка е виновна за крајот на бракот меѓу нив.

Меѓутоа, кога објавија дека се разведуваат, следеше осумгодишна битка која заврши во декември минатата година. Прикажувањето на „валканите“ работи и обвиненија од една и друга страна биле проследени од страна на новинарите низ годините.


Бред и Анџелина имаат шест деца, а како што пишуваа медиумите, ниту едно од нив не сака да разговара со нивниот татко. Дури и неколку од нив одлучиле да се откажат од татковото презиме.

Разводот на Бред и Анџелина конечно заврши во декември минатата година, а актерот во јунскиот број на магазинот „GQ“ првпат го прокоментирал разводот.

Бред Пит моментално го промовира својот најнов филм „F1“, а во новиот број на спомнатиот магазин конечно го прекинал молчењето за бракоразводната парница.

Новинарот го прашал дали чувствува „олеснување“ сега кога Анџелина и тој законски го завршиле својот развод во декември 2024 година.

„Не, мислам дека тоа не беше толку важна работа“, изјавил Бред и додал: „Тоа беше само нешто кое се оствари. Правно“.

Во истото интервју, Пит признал дека неговиот љубовен живот секогаш се наоѓа во вестите.

„Тоа е во вестите веќе 30 години. Или некоја верзија од мојот личен живот, ајде така да кажеме“, изјавил актерот.

Да ве потсетиме, овој коментар доаѓа шест месеци откако актерите го „решиле“ својот развод којшто следел откако Анџелина ги поднела документите за него во септември 2016 година.


„Пред повеќе од осум години, Анџелина поднесе барање за развод од господин Пит. Таа и децата ги напуштиле сите имоти кои ги делеле со господин Пит, и од тогаш се фокусирала на пронаоѓање мир и закрепнување на нивното семејство“, изјавил тогаш нејзиниот адвокат Џејмс Сајмон за „Page Six“, па додал:

„Ова е само еден дел од долготрајниот процес којшто го почна пред осум години. Искрено, Анџелина е исцрпена, но ѝ олесни дека овој дел е завршен“.