Познатиот актер шокира со признанието: „Не се оженив, за мајка ми да не биде љубоморна“

Точка

27/05/2025

21:22

1.200

Големина на фонт

а а а

Актерот Марлон Вејанс (52) најпознат по улогата во филмот „Scary Movie“ ги откри причините зад неговата одлука никогаш да не се ожени, па така Едиповиот комплекс доби нова верзија.

„Никогаш не сакав мајка ми да биде љубоморна на мојата сопруга“, изјави актерот за „Њујорк тајмс“, пренесе „базфид“.


Тој ја опиша својата мајка Елвира, која почина во 2020 година, на 81-годишна возраст, како „жена со големи барања“.

„Никогаш не сакав мајка ми да се почувствува како втора жена. Ѝ реков на смртната постела: Никогаш не се оженив затоа што отсекогаш сакав ти да бидеш мојата девојка број еден“. Тоа беа последните зборови што ѝ ги кажав. Реков: Однеси го тоа со себе во рајот“, изјави актерот.

Родителите на Марлон, Елвира и Хауел, со децении беа во брак и добија десет деца.

„Па, тоа е чудно, има толку многу браќа и сестри кои се во брак“, „Треба сериозно да разговараме околу тоа зошто свекрвите се љубоморни на своите снаи“, беа дел од коментарите по изјавата на Марлон.


Инаку од 1992 до 2013 година, актерот беше во врска со Анџела Закари, со која доби две деца, но врската не беше крунисана со брак од наведените причини.


„Добро е што не се си се оженил бидејќи во бракот мора да ја сметаш сопругата за најважната жена во светот“, му порачаа корисниците на социјалните мрежи на актерот, но од друга страна имаше и такви кои велат: „Постојат синови кои навистина ја ставаат мајката на прво место. Вие ги мразите вашите мајки, па затоа не можете да го разберете“.